Пронајдено закопано злато кај Ниш вредно 140 илјади евра


Припадници на полицијата во Ниш успејаа да најдат закопано злато кое крадците го украле одзлатара во јануари оваа година. Вредноста на накитот е 16,5 милиони динари и во тек е враќање на накито на сопственикот односно на златарата „Целје“.

Пронајдени биле сите 438 парчиња златен накит меѓу кои и 107 прстени, 80 привезоци, 51 нараквица, 65 ланчиња, 98 пара обетки, пет брошеви и две игли за вратоврски.nis-735x400

Крадците грабежот го извршиле филмски и тоа сред бел ден во центарот на Ниш. За време на ноќта се качиле на кровот на златарата и чекале да дојде утро за да дојде вработената и да го деактивира алармот. Потоа од дупката на кровот влегле во златарата, со пиштол и се заканиле на вработената која ја заклучиле во тоалет и го одзеле цел накит. Сепак полицијата ги фатила и во моментов се наоѓаат во затворот во Ниш. За да излезат побрзо со јавниот обвинител направиле договор за да ја признаат вината и да кажат каде го сокриле златото.

Разбојниците од порано и се познати на полицијата, а во Ниш се познати како „спајдермени“ бидејќи пред 4 години бегале од полиција скокајќи од крововите на зградите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1