Еден рибар од филипинскиот остров Палаван пронашол огромен бисер, кој го чувал под својот кревет 10 години, како амајлија за среќа.
Не бил свесен дека вредноста на тој бисер е околу 100 милиони долари.
Во неговата дрвена куќарка избувнал пожар и тогаш својот бисер го предал на туристички службеник од Пуерто Принцека.
Ова воедно е најголемиот бисер во светот, долг е околу 60 цм, а тежи 34 кг.