Кејот од десната страна на реката Црн Дрим, непосредно под мостот на поезијата е целосно обрушен и пропаѓа, претставувајќи вистинска опасност. Просторот на овој потег е ограден, но сепак на прагот од летото, состојбата е аларманта бидејќи токму на тој дел од кејот стружани и туристите највеќе се капат. Струшкиот градоначалник иако свесен за ризокот кој постои, се оградува од одговорност.
Од струшката подружница на ЕЛЕМ – ХЕЦ ,,Црн Дрим” велат дека обрска за санирање на кејот има токму општината која треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, но и за оние кои со нејзина дозвола поставиле урбана опрема на кејот.
ЕЛЕМ може да го задолжи само Владата бидејќи е државно претпријатие и нејзиниот надзорен или управен одбор,но никако општина Струга – појаснува гратскиот советник Перо Петкоски, инаку вработен во претпријатието.
ЕЛЕМ за управување со водата поседува водостопанска дозвола и според пропишан режим плаќа надомест. Еден процент од остварената цена на продаден киловат, ЕЛЕМ месечно им исплаќа половина од сумата на општина Струга, а половина на министерствотото за животна средина. Само минатиот месец уплатиле 400.000 денари од кои 200.000 биле за општина Струга.