Пропаганда на BBC: Со фотографија од масакр во Ирак илустрирале вест за масакр во Сирија


Фотографот Марко ди Лауро вели дека за малку „ќе паднел од столот” кога видел дека неговата фотографија за масакр во Ирак, деновиве Би-Би- Си ја користи како илустрација за масакрот во Сирија, пишува британски „Телеграф“.

bbcpropagandaФотографијата, која всушност била направена на 27 март 2003 година, прикажува дете од Ирак како  прескокнува десетици тела во бели кеси во кои се скелети пронајдени во пустината во јужниот дел на Багдад. Фотографијата деновиве е објавена на веб-сајтот на Би- Би- Си со наслов „Масакрот во сириска Хула осуден додека  гневот расте”. Описот наведува дека фотографијата ја дал активист, но вели дека „верува дека покажува тела на деца од Хула кои ги чека погреб”.

Фотографот ди Лауро вели дека не му е гајле за извинувањето од  Би- Би- Си.

– Она што е неверојатно е дека новинска организација има фотографија која го докажува масакрот што се случи вчера во Сирија, но наместо тоа објави фотографија која е направена во 2003 година за сосема друг масакр. Некој ја користи туѓата фотофрафија намерно за пропаганда – вели ди Лауро. Од Би- Би- Си велат дека фотографијата е отстранета веднаш штом дознале дека е неточна.

bbcpropaganda

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1