Патрола на француската полиција го запрела Салах Абдеслам, еден од осомничените за нападот во Париз, но после контролата го пуштиле да го продолжи патот кон Белгија.
Како што се наведува, полицијата неколку часа по нападот во Париз, на границата со Белгија го запрела возилото во кое бил Салах Абдеслам, и тоа откако веќе бил идентификуван како личност што изнајмила “поло“, пронајдено на место на нападот на Париз.
Француската полиција потврди дека патролата го запрела бараниот терорист, го преверила идентитетот и го пуштиле да си оди, без да се посомневаат и да увидат дека е тој личноста што ја бараат.
Салах е еден од тројцата браќа кои го извршија нападот во Париз.