Протече снимка од големата спасувачка акција на Шар Планина


Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео.

Како и детален извештај за целата акција која се одвивала во особено тешки зимски услови.

Раководителот на спасителата служба, Дарио Милошевиќ кој учествувал на повеќе од 700 интервенции во македонските планини и ски центри, укажува дека со лоцирање на нивните мобилни телефони, со сателитски снимки и ГПС уред во екстремно тешки услови како густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски темпаратури, на тежок терен со амбиси и многу карпи, успешно се пронајдени и спасени странските туристи.

Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово на 10 февруари залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка, единствено што знаеле е дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.

Некаде околу 17.50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

://makfax.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1