Протест на ВМРО-ДПМНЕ под мотото: За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев


Гоце Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет . Ова на вчерашниот протест под слоганот „За Еу, За Македонија, За Гоце Делчев“ го истакна опозицискиот лидер Мицкоски.

Третиот од низата протести на ВМРО-ДПМНЕ беше помасовен од претходните. Поддржувачите на партијата протестниот марш го започнаа пред Министерството за правда, а завршија пред МНР.

-Изборот е или СДСМ или вистината. Или Македонија или мафија. Делчев е нашиот последен бастион, Делчев е нашата тврдина. Делчев е нашиот Мечкин камен и нема да отстапиме ниту педа, ниту милиметар од Делчев, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, погрешна е тезата на власта дека патриотизмот значи заостанатост во минатото и антиеу позизиција. Според него Македонизмот и тоа што сме како народ не е ништо поважно од европеизмот.

-Европската унија кон која еве веќе четири години оваа мафија не држи се подалеку е токму тоа што за кое што денеска ние викаме едно големо „Уа мафио“. Ние сме овде собрани за почитување на различноста, солидарноста и взаемното разбираме. И да денеска сме тука и за ЕУ и за Гоце Делчев, рече Мицкоски.

На протестот се извикувапе „Или Гоце или Заев“, „Стани Гоце те продадоа“, а партиското раководство носеше маици со ликот на Гоце Делчев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1