Протест откажан откако се појави само еден демонстрант


Протест против либералната азилантска политика на германските власти коj во саботата требаше да се одржи во малото место Бад Зегерберг во северниот дел од земјата откажан e откако се појавил само еден демонстрант.

Според полицијата, осамениот демонстрант го пречекале педесетина контрадемонстранти.protest

Во Германија во последните две години зачестија големите протести против политиките на отворени врати за барателите на азил на канцеларката Ангела Меркел, бидејќи многумина сметаат дека земјата не може да си дозволи грижа за повеќе од милион имигранти кои пристигнаа само во текот на минатата 2015 година.

Меѓутоа, организаторот на локалниот протест очигледно погрешно го проценил (не)расположението на неговите сограѓани кон доселениците, бидејќи беше единствениот кој се појави/

За обезбедувањето на овој несуден протест со еден демонстрант биле ангажирани 170 полицајци.

Според германските закони потребни се најмалку три учесници за собирот да може да се прогласи за протест. Полицијата на тоа се повика и го прогласи протестот за неодржан, па се разотидоа и контрадемонстрантите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1