Протест пред Владата – бараат одговорност – „Како што го пуштивте, така да го вратите”


Група граѓани вечерва се собраа на протест пред Владата за да побараат одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Граѓаните се организираа на социјалните мрежи.

„Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, се дел од написите на транспарентите истакнати на протестот.

Присутните побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но и притвор за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК и братучед на Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1