Протест пред Железара во среда за загадувањето на Скопје


Преку Фејсбук се организира протест пред главниот влез на фабриката Железара за во среда (2 јули) во 17 часот.

zelezara„Покрај тоа што објавија дека Фабриката поточно “Макстил” ќе прекине да работи на одредено време, деновиве е позагадено од секогаш. Можеби не сметаат за слепи, будали, и ова го прават со намера. Да покажеме дека не сме до толку жалосни и да пружиме барем најмал отпор! ПРОТЕСТ СО БЛОКИРАЊЕ НА ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ!!!ФИЛТРИ ВЕДНАШ!!!“, стои во описот на настанот на Фејсбук.

На страницата граѓаните објавуваат фотографии, видеа и коментари за проблемите со загадувањето кои ги предизвикува оваа фабрика, а кои никој не ги санкционира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1