Протест за Кежо – полицијата не дозволи да се доближат до музејот (Видео)


Полициски сили пред групата демонстранти кои денеска на пладне протестираа пред Музејот на револуционерната борба, во знак на револт поради високата затворска казна што му беше изречена на новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежароски.

p7Полициската единица ПЕП ги запреа демонстрантите и со туркање не им дозволија да се приближат до Музејот на ВМРО, каде денеска се одржуваат бројни пригодни свечености по повод роденденот на ВМРО.

Здруженијата на новинарите, организирани во посебен иницијативен одбор, ги повикаа денеска новинарите и граѓаните да излезат во одбрана на слободата на говорот и слободата на медиумите, и облечени во црно да протестираат со молчење.

Кежаровски во понеделникот беше осуден на 4,5 години затвор за напишан текст во 2008 година во кој, според судот, открил идентитет на загрозен сведок.

фото: Плусинфо

Видео: А1 он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1