Протест ЗА слобода на интернет медиумите!!!


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници повика на затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет, а како ден е одбран трети мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот.

„Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера, новиот закон носи сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите. Советот за човекови права при Обединетите нации правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право, а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, и покрај фактот што членот 16 од Уставот на РМ јасно гласи „Цензурата е забранета со закон“. стои во соопштението на ССНМ од каде додаваат дека интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да го регулира.

tsenzura-protestttttt

На ваквиот повик стигна реакција од Министерство за информатичко општество и администрација, од каде посочуваат дека во ниту еден дел од новиот закон не се содржи одредба (член или став) за регулирање, ниту ограничување на слободата на информирањето преку интернет.

„Во изминатиот период повеќепати беше укажано дека со новиот закон ќе се врши само евидентирање на порталите (правни субјекти, а не физички лица), но не и нивно регулирање.Министерството за информатичко општество и администрација уште еднаш потсетува дека во Нацрт-законот се вградени сите европски директиви (начела и дефиниции), кои претставуваат стандарди во европските земји.“, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека со новиот закон сите новински агенции и веб портали во иднина ќе мораат задолжително да имаат импресум, кој ќе биде поставен на видно место, а ќе даде информации и податоци за сопственичката, уредувачката и новинарската структура на медиумот. Тоа ќе придонесе и за поголема транспарентност на медиумот кон публиката, посочуваат од Министерството.

no_internetМKnews нема целосно да го затемни сајтот, но искажуваме поддршка на ставот дека на новиот закон треба многу работа за да не се претвори во цензура и ограничување на интернет медиумите – потребна е некој вид на регулација, но не на начин како што тоа сега е предвидено во предлог законот.

Со овие решенија само се наметнуваат дополнителни давачки и процедури – поради кои многу од порталите нема да бидат во можност да ги сносат и ќе мора да се затворат или да плаќаат казни за нерегистрирање. 

Регулацијата на овој начин ја убива индивидуалноста, креативноста на поединците, а им се отвара патот на суровите сопственици кои имаат полни џебови и може да плаќаат давачки за фирмарини, регистрации и што ли уште не. И наместо да диктира пазарот кој е добар ќе диктира длабокиот џеб, односно оној кој ќе може финансиски да си дозволи спроведување на новите законски решенија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1