Со пароли „ССМ мафија“, „Бараме работнички права“, „Работниците не се робје“ денеска во центарот на Скопје членови на повеќе синдикати протестираа по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.
Додека Сојузот на синдикати (ССМ) денешниот 1 мај го одбележа симболично со собир на плоштадот „Македонија“ и одржување на свечена седница, членови и претставници на повеќе синдикати протестирајќи пред Собранието и Владата, членовите на синдикатите кои денеска протестираа побараа од Владата да се изедначи минималната плата во сите сектори уште оваа година, а не во 2018. година.
Бараат работодавците за кои ќе се утврди дека не ја исплаќаат минималната плата да се казнуваат со парични казни, а не да добиваат покани за едукација. Од аспект на правото за синдикално организирање, претставниците на синдикатите сметаат дека се потребни промени во законската и подзаконската регулатива, за да не се одолговлекува процесот на регистрација на синдикатите.
Фото: А1он.мк