Протести против полициска бруталност во Топаана


Жителите на Топаана денеска го блокираа влезот на скопската населба, поради полициско насилство. Тие поставиле контејнери на влезовите и не дозволуваат пристап ни на полицијата ни на минувачите. Протестираат против бруталноста на полициските специјалци кои синоќа дошле во населбата во потрага по затвореник.
sutkaСитуацијата ескалирала кога се вмешале жителите кои го попречувале приведувањето на затвореникот. Жителите велат дека четири лица биле приведени, а пет повредени.
Од МВР негираат дека била употребена пекумерна сила, велат дека полицајците отишле да го приведат 28 годишниот  Орхан А. кој по слободниот викенд минатиот понеделник не се вратил во Идризово, каде одлежувал казна за кражби, но наишле на отпор.
Прво биле нападнати и попречувани од 22 годишен сосед на Орхан но откако го уапсиле, насобраните граѓани ги нападнале полицајците со камења и други предмети при што двајца  полицајци биле повредени а едно полициско возило  оштетено, велат од МВР.
Повредените полицајците биле однесени во Ургентен и по укажаната помош пуштени на домашно лекување. Покрај претходно приведените двајца полицајците уапсиле уште четворица жители на Топаана. 
Foto – Kanal5
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1