Десетици илјади Грци во 25 градови се очекува денес да излезат на протест и да го “бранат” името Македонија, пишуваат грчките медиуми.
Протестот во Пела, родното место на Александар Македонски, но и во другите градови низ државата ќе биде со цел да се алармира и предупреди грчката влада да не попушта во преговорите, пренесува “GreekReporter”.
Организаторите ќе повикаат секој договор меѓу двете држави да биде ставен на референдум и граѓаните на Грција да бидат тие кои ќе одлучат дали нашата држава ќе го има зборот Македонија во “нејзиното ново име”.