Кривична пријава заработи високиот функционер на ДУИ Беќир Асани за тоа што го натепал претседателот на СМК Тодор Петров.
Асани не дошол на распит иако бил повикан во полициска станица, а функционери на ДУИ тврдеа дека немало таква тепачка.
Инаку Асани во јавноста е познат и по предизвикувањето на изборни инциденти во 2008 година, а и по напад врз новинар во Собранието, кога му удри шамар.
Пријавата за Асани доаѓа во ек на протестите на приврзаници на ДУИ во Бутел против изградбата на 50 метарски крст. Вчера демонстрантите ги срушија тарабите кај камен темелникот и го запоседнаа просторот со намера да не дозволат понатамошна градба.