Меѓу евро банкнотите кои се во оптек постојат некои примероци кои, поради својата реткост, станаа предмет на неверојатна побарувачка од колекционерите. И како што тие влегуваат во нивните колекции, таквите банкноти се се помалку, а нивната вредност станува прилично висока. Еве како да ги препознаете:
Банкнота во вредност од 5 евра
Ако ви се посреќи, за неа ќе добиете 20 пати повеќе од нејзината вредност. Посебно ретките серии на сопствениците можат да им донесат голема сума на пари. Внимателно погледнете ги бројките и буквите, кои ја означуваат серијата – можеби сте еден од тие среќници!
Ретките серии содржат пет исти броеви (на пример 77777, 00000, итн.) Ако случајно кај себе ја забележите оваа банкнота, погрижете се за најзина беспрекорна состојба, и во тој случај ќе ви донесе многу пари.
Банкнота во вредност од 50 евра
Серија такви банкноти е издадена со погрешна информација на заштитната лента. Погледнете ја банкнотата на светлина.
Ако на заштитната лента е отпечатено 100 евра, имате среќа! Приватните колекционери можат да ја откупат од вас, плаќајќи 7 пати повеќе од нејзината вистинска вредност.
Банкнота од 100 евра
Помала серија од овие банкноти е пуштена во промет со неправилно сечење. Ако наидете на ваква банкнота, можете да се радувате. Колекционерите ќе ви дадат 3 пати повеќе за неа, отколку што вреди
Што чекате? Веднаш проверете ги банкнотите кои ги поседувате!