Бруцошите дојдоа на својот прв академски час – некои ја избрале својата идна професија водејќи се уште од детските мечти, некои пак бирале врз основа на тоа што е барано на пазарот на труд. Во оваа нова академска година на УКИМ, најголем интерес младите изразиле за економските науки каде се запишале 707 студенти. Втор по популарност е Медицинскиот факултет, а потоа и факултетите за компјутерско инженерство, електротехника и информациски технологии како и Филозофскиот факултет.
Новите бруцоши ќе бидат „Генерација електронски индекс„ вели ректорката на УКИМ – Биљана Ангелова, која најави целосна дигитализација на најстариот универзитет во земјава.
Министерката за образование, Весна Јаневска посочи дека е презадоволна што голем број студенти не си заминале од земјава туку одлучиле своето образование да го продолжат во татковината.
Во новата академска година на УКИМ се запишале 5100 студенти што е за 300 повеќе од лани, а се запишале и 400 странски студенти, сподели ректорката Биљана Ангелова. На останатите пет државни универзитети има околу 5000 студенти, односно 10 000 бруцоши низ земјава се одлучиле за државно образование










