Кратко откако Доналд Трамп ја даде својата заклетва и официјално стана 45-от претседател на САД, започнаа да се гледаат промени во политиката кои беа најавени.
Страниците за правата на ЛГБТ заедницата исчезнаа од веб страните на Белата Куќа и од Министерството за труд.
Исчезнувањето може да биде сигнал за тоа какви промени планира да направи новата администрација во САД по однос на ЛГБТ заедницата, пишува The Hill.Пред само неколку моменти претседателот Трамп се заколна дека ќе им служи на сите Американци, додека истовремено ги избриша се што споменува ЛГБТ заедница. Делот на веб страните за правата на работниците исто така исчезна, изјави претседателот на Кампањата за човекови права, Чед Грифин.
ЛГБТ во Македонија
ЛГБТ центарот во Скопје е финансиран од американската амбасада и од УСАИД, а меѓу вработените кои земаа висока плата беше и Павле Богоески, кој се најде на кандидатската листа на СДСМ и стана пратеник во Собранието.
Инаку ЛГБТ центрите низ светот се залагаат за истополови бракови, посвојување деца од страна на хомосексуални двојки, а меѓу најскандалозните ставови кои ги застапуваат е воведување на сексуално образование од 8 годишна возраст кога на децата ќе им се кажува дека самите го избираат полот и дека треба да експериментираат со својата сексуалност.