Прв пациент заболен од корона вирус во Струмица


После три месеци од прогласувањето на пандемијата регистриран првиот позитивен случај на ковид 19 на територијата на општина Струмица. Се работи за 32 годишен струмичанец за кого не познато како се инфицирал. Она што е сигурно е дека вирусот го добил овде во државата бидејќи во изминатиот период немал патувано надвор, а како и од каде незнае ни самиот пациент. Од центарот за јавно здравје информираа дека пациентот е добра здравствена состоја за сега ќе биде во домашна изолација со лекарски надзор.

Согласно сите протоколи од центарот за јавно здравје во Струмица веќе се лоцирани сите со кои инфицираното лице имало контакти. Седум од нив кои се сметаат за виско ризични веќе се ставени во домашна изолација и тие во наредниот период ќе бидат под постојан лекарски надзор.

Од центарот за Јавно здравје во Струмица велат дека простор за паника нема, но тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштаат. Апелираат на следење на сите препораки кои доаѓаат од здравствените властин, задолжително користење на заштините маски и често миење на раце и најважното одржување на потребната социјална дистанца. Од почетокот на Пандемијата Струмица беше еден од ретките градови во државата во кои немаше регистрирано позитивен случај на корона вирус. Двата случаи кои се водат преку струмичкиот центар за јавно здравје беа на териториите на општините Босилово и Ново Село.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1