ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТВРДИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО


Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдија од Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска кажа дека утрово се пријавиле тројца пациенти со симптоми на грип, а кај двајца тестот за коронавирус е негативен. Кај третиот бил позитивен.

Од Министерството за здравство апелираат да не се создава паника и најавија детали за првиот случај набрзо на прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1