Прв судски случај на дискриминација во земјава, професорка тужи директор


Основниот суд во Штип решава за случај за дискриминација. Професорка по македонски јазик тужи директор бидејќи била дискриминирана по повеќе основи.

55783-sudПрофесорката ја поднела тужбата против директорот на училиштето бидејќи била прераспределена да работи како библиотекарка и била дискриминирана по повеќе основи.Ова е прв случај во земјата по кој судот постапува, а се однесува на дискриминација. Лани во дванаесет случаи е постапено по мислења на Комисијата за заштита од дискриминација, од вкупно 75 претставки.

– За 12 претставки е донесено мислење дека има дискриминација, и согласно тоа мислење даваме чекори како да се надмине. Некои од претставките се во фаза на решавање. Очекувавме некои од тие утврдени дискриминатори дека нема да го почитуваат мислењето на Комисијата, но не изненадува позитивно што во 11 случаи сите постапија. Во случајот во Штип, на штетата на еден граѓанин кој трпи дискриминација, но можеби е добро за јавноста, за првпат имаме постапување во судот со помош на Здружението „Млади правници“ се формираше една тужба, изјави претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски. Според него, многу важно е судот да ја повика Комисијата за да образложи врз основа на кои факти го донела своето мислење.

Најголем број од претставките се поднесени против правни лица – 70 отсто, а 20 отсто се поднесени против физички лица. Исто така повеќето од претставките се за државниот сектор, а помалку во приватниот сектор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1