Прва средба Заев – Мицковски: Има согласност опозицијата да учествува во реформите


Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници, соопшти владината прес-служба.

„Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1