Шведскиот уметник, Михаел Генберг собира 15 милиони долари, со кои планира да ја изгради првата куќа на Месечината. За жал, во оваа куќа нема да може да се живее, туку само ќе биде прв ваков уметнички проект.
Целиот проект чини 15 милиони долари, а куќата треба да „замине“ за Месечината во октомври 2015 година.
Преку интернет, уметникот досега успеал да собере речиси три милиони долари. Сега, Генберг се обидува до октомври 2015 година да собере 15 милиони долари, со што за прв пат на Месечината ќе испрати уметнички скулптури.
Првата куќа на Месечината би требало да изгледа како шведска колиба, со црвена фасада и бели рабови. Целиот проект е во соработка со американската вселенска компанија „Астроботик“.
Куќата е планирано да биде висока 2,5, а широка три метри, што е сосема доволно за да прими еден човек. Таа би требало да биде прикачена на вселенско летало и доставена на Месечината.