Авторизираниот Тренинг Центар на АУТОДЕСК САД за Република Македонија ги додели дипломите на првата група која го посетуваше курсот за Аутодеск 3D MAYA. Инаку, ова е прв пат вакви дипломи да бидат доделени во Република Македонија. По успешно завршување на првата група со курсот Аутодеск 3D MAYA во тек се уписите за нова група.
Од компанијата соопштуваат дека курсистите од првата група успешно го совладале софтверот и изработиле солидни проекти. Тренерот во Авторозираниот тренинг центар Тамара Даневска е со големо искуство и исто така e сертифицирана и ја носи титулата Autodesk Certified Professional.
Во соработка со Аутодеск САД, Тренинг центарот изработи напредна програма која обезбедува висок квалитет на трансфер на знаење и искуство. Самиот софтвер кој се користи во гејминг индустријата, филм, тв, анимација, машински дизајн е еден од најексплатираните од лепезата на Аутодеск.
Комплетната програма може секој кој е заинтересиран да ја погледне на веб страната на тренинг центарот.
Материјалите кој ги добиваат курсистите во дигитална форма се креирани на Македонски јазик а компанијата посвети внимание на изработка на специфични вежби кои гарантираат понапредно знаење и искуство. Доказ за квалитетот и искуството се и изјавите дадени од самите курсисти:
Од комапнијата соопштуваат дека и натаму ќе продолжат со развивање на нови понапредни програми за софтверите на АУТОДЕСК . Соработката на Тренинг центарот за Република Македонија се прошири и со отварање на тренинг центри во Косово и Србија и имплементирање на програмата на Тренинг центарот за Република Македонија.
Курсевите се одвиваат со динамика два пати неделно по три часа во современи лабаратории во центарот на Скопје. Исто така компанијата има отворено тренинг центри во Битола и Штип, а веќе четири години во летниот период се организира летен камп во Охрид.
Како општествено одговорна, компанијата досега им има помогнато на повеќе нејзини курсисти да пронајдат работа и да го валворизираат стекнатото знаење.
Еве една таква успешна приказна.