ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Нов терористички напад го потресе светот


Три лица загинаа, а 170 се чуваат како заложници откако во хотел во Мали влегле тројца воодужени џихадисти, кои според сведоците, пристигнале во хотелот со дипломатски возила.

Тројца тешко вооружени џихадисти извршија напад врз хотелот „Радисон“ во центарот на главниот град на Мали, Бамако, при што според досегашните информации има тројца загинати.napadhotel

– Најверојатно тоа е обид за земање заложници. Полицијата е на самото место и го блокираше реонот, изјави претставник на безбедносните сили на Мали.

Според очевидци, напаѓачите во хотелот пристигнале со дипломатски возила.

Би-Би-Си јави дека од хотелот се слушале истрели од автоматско оружје.

Хотелот „Радисон“ важи за место каде најчесто одседнуваат странци кои работат во Мали. Во моментов во хотелот престојуваат околу 170 гости.

Во август годинава исламистички милитанти убија 13 лица, меѓу кои и петмина службеници на ОН, при напад врз хотел во градот Севаре во цент4ралниот дел на Мали.2napadmali

Сведоците тврдат дека напаѓачите дошле во дипломатско возило и се наоѓаат на седмиот кат на хотелот.

– Се се случува на седмиот кат, џихадистите моментално пукаат во ходникот – потврди извор од сигурносните служби.

Ова е само дел од атмосферата пред хотелот Радисон, во главниот град на Мали, Бамако.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1