Министерството за одбрана на Русија прв пат на својот сајт даде увид како изгледа единствената воена база „Арктичка детелина“.Арктичката база се наоѓа на архипелагот Франц Јозеф на островот Александра.
Нејзината воена инфраструктура се состои од објекти за посебни намени, како и командни и контролни центри, гаражи за воени и специјални возила, самостојни уреди, специјализирани складишта и објекти за складирање со посебен режим на толеранција.
Низ виртуеалната тура, посетителите можат да се запознаат со условите за живот на војниците во базата, а обиколката е можна за секој од четирите ката на станбениот комплекс „Арктичка детелина“.
-3Д виртуелната обилка на воената база јасно ги покажува уредените и опремените дневни соби за воените лица, офицерската терпезарија, теретената, кино и концертните сали, Атриум, библиотека, стакленик, медицинските единици, се наведува во соопштението на руското министерство.
За виртуелна обиколка кликнете ОВДЕ