Италијанските спасувачи успеаја да извлечат осум преживеани туристи од хотелот Ригопијано што беше затрупан од лавина во планинското одмаралиште во централна Италија.
Меѓу преживеаните има и две деца, кои цели 40 часа останаа под снежните наноси. Спасувачите трагаат по уште 20 исчезнати туристи и членови на персоналот на температури длабоко под нулата. Досега се пронајдени четворица загинати во хотелот.