Првиот човек на Северна Кореја самоуверено: Дајте уште 100 години санкции!


Претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун порача дека неговата земја може да издржи санкции и во следните 100 години.

Севернокорејскиот лидер се чини дека не е загрижен премногу за санкциите против неговата земја, или барем сака да остави таков впечаток пред светската, но и домашната јавност.Ким Јонг Ун порача дека неговата земја без проблем може да се носи со било какви санкции и тоа со децении, а ако треба и цел век.

Како што пренесува севернокорејската државна новинска агенција “KCNA”, Ким Јонг Ун истакнал дека Северна Кореја толку многу технолошки и економски напредувала, па сега без проблем може да им одолее на сите санкции кои што против Пјонгјанг ги воведуваат Обединетите нации.

Сепак, според аналитичарите, ваквиот говор на лидерот на Северна Кореја е типична пропагандна порака, затоа што е јасно дека реалноста за Северна Кореја е далеку поинаква.

Доколку Кинезите навистина во догледно време го блокираат извозот на нафта во Северна Кореја, а таквата одлука на Пекинг ја следи и Русија, тогаш јасно е дека Северна Кореја за многу кратко време ќе се соочи со многу сериозни проблеми. За тоа, секако свесен е и самиот Ким Јонг Ун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1