Првиот понеделник по летното сметање на времето кобен за срцев удар


Летното сметање на времето започна денеска, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред.

Психолозите и стручњаците за спиење тврдат како повеќето луѓе потешко се прилагодуваат на доаѓањето на пролетта, отколку на доаѓањето на есента, токму затоа што губиме еден час сон. Одењето на спиење порано може да предизвика потешкотии со спиење и зголемена будност за време на првиот дел од ноќта. За луѓето кои строго се држат до распоредот за спиење, што стручњаците и го препорачуваат за оптимален одмор, губењето на еден час сон може да предизвика неколку проблеми, барем во првите неколку денови.saat vreme

Една американска студија покажала дека поместувањето на стрелките еден час напред го зголемуваат ризикот од срцев удар токму во оној понеделник по менувањето на времето за 25 отсто во споредба со другите понеделници. Од друга страна пак, ризикот од срцев удар се намалува за 21 отсто првиот вторник по менувањето на часовникот и луѓето спијат еден час подолго.

За подобро да ја поднесете промената на времето, многу е важно да одите во кревет и да се будите во исто време секој ден – дури и за викенд. Иако нема докази дека одредена исхрана влијае на ритамот, јаглехидратите би можеле да го олеснат заспивањето. Најверојатно нема да ви бидат потребни лекови за еден час временска промена, но во одредени околности, како на пример патување во различни временски зони, може да ви дојдат од корист. Одете 10-15 минути порано на спиење и будете се 10-15 минути порано од вообичаено.

Сепак, постојат и придобивки. Одлично е тоа што повеќе поминуваме време во природа, а помалку пред тв екраните или нашите компјутери. Денот подолго трае, па луѓето може да бидат на отворено и да уживаат во свежиот воздух и сончевите зраци. Исто така, може да се чувствувате подобро, бидејќи сонцето свети дури и кога си одите дома од работа. Познато е дека сончевата светлина го зголемува лачењето на серотонинот, кој го подигнува доброто расположение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1