Ештон Качер и неговата девојка Мила Кунис се венчале – како што објави „Пипл“, викендов конечно го кажале „судбоносното да“. Церемонијта поминала во најстрога тајност, наведува магазинот, додавајќи дека тоа не зачудува кога се во прашање Качер и Кунис.
Ештон и Мила се запознаа во 1998 година на снимањето на популарната серија „Луди седумдесети“, но нивната љубовта се распламти дури во април 2012 година. Лани во октомври тие ја добија ќерката Вајт Исбел.
Ова е прв брак за Мила, а втор за Ештон. Пред неа, актер беше шест години во брак со Деми Мур.