Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка: Крадев бидејќи бев во долгови


„И се извинувам на сопругата што ја оставам со две малолетни близначиња. Му се извинувам на внукот што го оставам без татко. И се извинувам на Тутунска банка и на родителите за нанесениот срам, стрес и шок“, рече првообвинетиот Бобан Смилевски на завршните зборови во кривичниот суд во случајот со милионскиот грабеж на пари од НЛБ банка во Скопје.

Смилевски рече дека делото не е сторено за имотна корист. „Бев во големи долгови за кои добивав закани и уцени и јас и моето семејство. Во овие 40 години сум бил пример како човек“, рече тој.

Смилевски изјави дека ја бара казната за второ и третообвинетиот за себе и дека ненамерно ги вмешал во кривичното дело. Вети дека ако добие поблага казна, ќе работи за побргу да ја надомести штетата на банката.

Адвокатот на третообвинетиот Борис Минчевски рече дека неговиот клиент не е директен извршител и дека против него не се води постапка за друго кривично дело.

Членовите на семејството со солзи ја слушаа изјавата на Бобан Смилевски.

Скопското Јавно обвинителство на денешното рочиште побара од Судот на обвинетите за грабежот во „Тутунска банка” да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години.

Јавното обвинителство соопшти дека четворицата се изјасниле за виновни и оти со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра.

На 10 април годинава извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Иако ги признале во целост наводите од обвинителниот акт, обвинетите не откриле што сториле со украдените пари.

Адвокатите побараа поблаги казни, бидејќи обвинетите ја признале вината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1