Технологијата и креативноста конечно се споија и создадоа нешто со огромен потенцијал! 3D Doodler е првото 3D пенкало во светот со кое можете да цртате…во 3D. Премногу се спомнува зборот “3D”, но можностите се огромни.
Доколку расклопите 3D принтер, ќе сфатите дека постојат контролни делови што го насочуваат самото принтање…до самото креирање на материјалот се прави со само еден мал дел од компонентите.
3D Doodler ги елиминира сите контролни елементи од принтерот и ја става контролата во ваши раце.
Самото пенкало чини $75 и може да се купи уште денеска преку eBay.
Материјалот кој се користи може да ви изгледа како жежок лепак, но она што е важно е дека овој материјал, ABS пластика, е лесен, силен и се оладува екстремно брзо – што значи дека со него можете да цртате во 3D околината.
gsm.mk