Лабуристичкиот политичар, Садик Кан победи на вчерашните избори за градоначалник на Лондон.
Со ова тој стана првиот муслиман градоначалник на Лондон. Кан во владата на Гордон Браун беше министер за заедници, а подоцна министер за сообраќај. За себе Кан вели дека е „муслиман, Британец и Европеец“.
„Јас сум Британец. Имам пакистанско потекло, татко сум, сопруг, навивач на Ливерпул“ – изјави Кан.
На Кан веќе му стигаат честитки на Твитер. Кан вети дека ќе помогне да има што повеќе станови во Лондон. Неговите политички противници го обвинуваа дека е поврзан со исламски екстремисти.