Птичјиот грип се прошири врз 55 живинарски фарми – Бугарија ќе уништи уште 130.000 птици


Птичјиот грип се прошири врз 55 живинарски фарми во Бугарија, заради што ветеринарните власти наредија уништување на 430.000 парчиња живина од декември до денеска, рече во сабота министерката за земјоделство Десислава Танева.

Птичјиот грип се појави кон средината на декември во Бугарија, каде што беа откриени четири случаи на зараза кај дивите патки. Бугарија веќе потроши милиони левови(511.000 евра) на операции на усмртување на живината и спречување на болеста.virus pticji grip

„Над 800 жаришта на птичји грип се откриени ширум Европа од октомври, а најтешко се погодени Германија и Франција“, рече Танева.

Со ова, како што јавија бугарските медиуми, вкупниот број на уништени птици во Бугарија од појавата на птичјиот грип кон средината на минатиот месец, ќе се зголеми на околу 430.000.

Според податоците на бугарските власти, од болеста најтешко е погоден реонот на Пловдив, каде се уништени и најголемиот број птици, пред се патки.

– Во Бугарија во изминативе години птичјиот грип главно ги погодуваше дивите птици. Ова е првпат да имаме волкава епидемија на живинарските фарми, изјави Танева.

Во рамки на мерките за спречување на ширењето на болеста, властите воведоа карантин околу фармите на кои се регистирани птици инфицирани со вирусот Х5Н8.

Покрај кај домашните птици, птичјиот грип во Бугарија е регистриран и кај четири диви патки.

Поради појавата на птичји грип во Бугарија во сила е забрана за трговија со живина и за лов на диви птици. За уништување на птиците на фармите каде е утврдена болеста, Бугарија досега потроши речиси 540.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1