Пцуењето е безопасен емоционален одговор на луѓето на стрес и напнати ситуации, а ни помага да се чувствуваме посилно и постабилно, тврдат научниците од британскиот Универзитет Кили. Тие го анализирале влијанието на псовките на мозокот, и откриле дека тие, во умерена мера, имаат добро влијание на менталното здравје.
Во студијата волонтерите играле компјутерски игри, а како што задачите станувале се потешки, сите почесто пцуеле. Тоа е своевиден одбрамбен механизам на телото на напнатоста кој помага да се чувствуваме поотпорно, заклучуваат истражувачите кои тврдат дека пцуењето не е само непристојно однесување.
“Во возбудливите состојби луѓето стануваат поемотивни, а тогаш користиме псовки. Колку повеќе сме вознемирени, псовките се пострашни и користиме повеќе табу зборови. Тоа е нешто што го учиме уште од детството”, вели водичот на студијата д-р Ричард Стивенс, кој одлучи да се позанимава со темата на пцуење, откако присуствувал на раѓањето на својата втора ќерка, при што неговата жена интензивно пцуела.
Во вториот експеримент научниците ги поделиле испитинаците во две групи и им дали да држат чаша полна со лед. Едната група смеела да пцуе, а другата требала да остане тивка. Во групата во која пцуеле, волонтерите значително подолго успеале да ја држат водата.
Чест стереотип е дека пцујат само необразованите и помалку интелигентните луѓе, но факт е дека нема правила. Сепак, што повеќе и почесто некој пцуе, тоа е ефект на отпуштање од негативните емоции.