Пу Пу неважи – Приштина се пишмани – ги прекина преговорите со Белград


Шефот на работната група на Србија во Брисел, Марко Ѓуриќ, истакна дека српската страна дошла во Брисел со најдобри намери и со цел да се спроведат духот и словото на спогодбата, но приштинската делегација ги напуштила разговорите. Белградската страна вели дека дошла на тие разговори за да се договори воспоставувањето на заедницата на српски општини и институции, што ќе бидат препознатливи како носители на политичката одговорност и на одговорноста за опстанокот на српската заедница, како и за севкупното функционирање на системот.

taci-eston-dacicKако што се дознава од извори што ги следеле разговорите на двете работни групи во Брисел, приштинската страна барала првин да се укинат српските институции на северот од Kосово, а потоа со доминантно учество на приштинските власти да се формираат новите српски институции. Исто така, побарано е првин да се формира некакво преодно тело, кое би ги презело сегашните надлежности од српските општини на Kосово, а дури потоа да формира заедницата на српски општини. Тоа било неприфатливо за српскиот преговарачки тим зашто отскокнува од точката на спогодбата, според која, српските институции треба да се интегрираат во системот на Kосово, но со сопствено политичко влијание и статус.

tomislav_nikolic_790Српскиот претседател Томислав Николиќ за Радио-телевизија Србија (РТС) оцени дека поради инсистирање на Албанците за толкување на договорот Белград – Приштина на нивен начин, ќе се види дали Србија ќе ја загуби можноста за добивање датум за преговори со ЕУ. Според него, разговорите биле прекинати „поради тоа што не е остварен албанскиот план“ да се заборави договорот за нормализација на односите.

Шефот на работната група на Приштина на разговорите за примена на договорот во Брисел изјави дека во Брисел не дошло до договор затоа што српската страна излегла со нови барања за кои не може да се расправа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1