Пукал во наводниот љубовник на жената, па удрил возило и нападнал полицајците


Алдин Џалтур (38) од сараевската населба Храсница моментално е на криминалистичка обработка во МВР на Кантонот Сараево, откако предизвика хаос утрово на Илиџа.

Џалтур утрово е уапсен во Храсница по драматична потера која следела откако пукал од пиштол на паркинг во Илиџа.Се започнакло ѕтрово околу 9.45 часот, кога пукал во правец на автомобил на маж, за кој наводно се сомневал дека и бил љубовник на неговата сопргуга. Се утврдило дека тоа воопшто не било лицето на кое нишанел.

Веднаш потоа Џалтур се дал во бегство кон населбата Отес. Кај блискиот подвозник удрил во автомобил БМВ, потоа излегол од возилото и се судрил со возачот на БМВ-то на кој се обидел да му го грабне автомобилот. Возачот го удрил со бокс и му ја пукнал аркадата.

Во тој момент, сосема случајно наишле припадницина сараевската крим полиција, кои биле на пат кон работа. Кога ги виделе двете возила и раскрвавениот возач на БМВ-то како лежи, истражителите го запреле автомобилот и истрчале да помогнат мислејќи дека се работи за сообраќајна несреќа.

Џалтур тогаш скокнал зад возилото и му вперил пиштол во глава на инспекторот. Држејќи го така на нишан, скокнал во своето возило, потоа удрил во полициското возило и продолжил да бега. Не сакајќи да ги доведат во опасност животите на граѓаните во населеното место, полицајците го пуштиле да побегне, известувајќи ги за тоа патролите на терен.

Џалтур полицијата конечно го стигна во близина на зградата во која живее, во Храсница, каде го извлекле од возилото и со употреба на сила го уапсиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1