Денеска околу 17,00 часот од страна на вработени во касарната „Боро Менков“ пријавено е дека во близина на касарната, од страна на непознато лице, од возило во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. Од страна на УПС излезено е на лице место, при што се пронајдени две чаури од гасен пиштол. Се работи на расчистување на случајот.