Пукање во Кан – Ѕвездите во паника (Видео/Фото)


Во текот на одржување на телевизиско интервју во рамките на Канскиот фестивал, била избегната трагедија, откако човекот кој се појавил со пиштол и бомба во студиото, бил спречен во својата намера.

kan-pukanjeДобитникот на Оскар, актерот Кристоф Валц синоќа доживеал вистински шок, кога во студиото каде што тој давал интервју, се појавил човек кој вперил пиштол во него и се заканувал дека има бомба и со истата ќе го “крене студиото во воздух”.

Валц, кој што беше награден со Оскар за улогите во два филма на Квентин Тарантино, бил интервјуиран во рамките на програма во живо на француска национална телевизија заедно со уште еден актер, кога во моментот се слушнале два истрели во воздухот.

Од објавената видео снимка може да се види моментот во кој публиката започнува панично да бега, додека пак членовите од обезбедувањето ги тргаат актерите од сцената, упатувајќи ги на безбедно место.

French actor and member of the Feature FВо разговорот за “Daily Mail”, Валц открил дека се исплашил за својот живот: “Бев на платформата од студиото на плажата, кога одеднаш се појави човек со пиштол. Мислам дека тоа беше пиштол и дека тој пукаше, но за среќа, полицијата го сопре. Не знам кој е, од кај дојде и кој е неговиот проблем!”

Еден од очевидците на настанот изјавил: “Телохранителите скокнаа во толпата народ и го соборија на земјата. Полицијата пристигна и им рече на сите присутни да бегаат затоа што човекот во неговата рака држеше граната.” По апсењето, кај неименуваниот напаѓач бил пронајден и нож, а било откриено дека гранатата била лажна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1