Ноќва околу 02:20 часот во Oпштата болница во Куманово бил донесен А.Н.(26) од кумановското с.Никуштак. Тој имал повреда од огнено оружје во пределот на левата надколеница.
По негово кажување повредата му била нанесена од страна на непознато лице, додека се движел пеш по патот с.Никуштак-с.Виштица. Поради карактерот на повредите со возило на Итната медицинска помош А.Н. е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.