Пукање во ноќен клуб со 300 посетители во Флорида, двајца се убиени


При пукање во еден од ноќните клубови во центарот на Орландо, во американската сојузна држава Флорида, се убиени две лица, а девет се повредени, пренесе телевизија NBC.photo-of-cloud-9-club_245711_ver1.0

Според податоците на локалната полиција, за време на инцидентот во клубот имало околу 300 лица. Полицајците пристигнале на местото на инцидентот и започнале истрага. Се трага по три лица кои учествувале во пукањето, причините засега се уште се непознати. Ова е втор инцидент со огнено оружје во државата во последните два дена. Претходно беше соопштено дека најмалку еден човек е убиен, а шестмина се повредени при пукање во саботата наутро во клуб во Тампа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1