Според информациите на МКnews.MK во општина Сарај имало инцидент пред околу половина час. Нашите информации говорат дека имало пукање од огнено оружје, а имало и повредени.
Информацијата за инцидентот ни ја потврдија и од МВР но без многу детали. Според првичните информации дошло до престрелка во која со прострелни рани се здобиле две лица кои веднаш биле пренесени прво во приватна болница а веднаш потоа и во клиничкиот центар поради сериозноста на повредите. Нема информации во каква состојба се ниту кој е мотивот за пукањето. Според информациите на МВР инцидентот се случил на прослава и не е поврзан со изборите.
МВР повеќе информации најавув во текот на утрешниот ден.