Пукање во општина Сарај доцна синоќа. Информацијата за инцидентот ни ја потврдија и од МВР но без многу детали. Според првичните информации дошло до престрелка во која со прострелни рани се здобиле две лица кои веднаш биле пренесени прво во приватна болница а веднаш потоа и во клиничкиот центар поради сериозноста на повредите.
Нема информации во каква состојба се ниту кој е мотивот за пукањето. Според информациите на МВР инцидентот се случил на прослава и не е поврзан со изборите.