На 15.08.2013 година, во СВР Скопје, Е.К. пријавил дека околу 18,00 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје било пукано од огнено оружје кон неговиот внук О.А.(25) информира полицијата.
Од разговорот со О.А. е дознаено дека истиот ден, непосредно пред настанот, истиот имал вербална расправија со браќата Б.И.(24) и Ш.И.(29) од с. Арачиново , во врска со долг којшто го имал братот на О.А. За да избегне поголем инцидент О.А. со своето возило се одалечил од местото на настанот, но кога го паркирал возилото на ул.„Алија Авдовиќ“ до него застанало возило марка „Голф“ од кое излегле Б.И. и Ш.И. , при што Б.И. од пиштол испукал еден куршум кон О.А. , кој притоа не бил повреден.
Извршен е увид на местото на настанот при што е пронајдена чаура и неиспукан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.