Пукање во центарот на Гостивар


За сега непознато лице неколку пати пукалo од пиштол во центарот на Гостивар, во близина на малиот парк. Случајот го потврдија од полицијата, но деталите се уште не се познати, пишува Гостивар пресс.vperenPistol-540x320

Според првичните информации од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски пукањето било пријавено во ПС Гостивар во 16.20 часот по што на местото веднаш била испратена полициска екипа. При увидот биле пронајдени неколку чаури испукани од пиштол.

Сега за сега нема пријава за повредени од инцидентот. Се работи на утврдување на поединостите, кој и зошто и кон кого пукал со пиштол среде Гостивар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1