Пукано во кандидат за советник во Кичево, повредени уште две лица


Три лица се повредени вечерва во центарот на Кичево кога врз нив од огнено оружје пукало едно лице.

Како што информираат од МВР, А.А. роден 1959 година околу 18:45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнал и пукал врз Д.А. (1959), А.А. (1977) и Ш.Д. (1963), тројцата од Кичево.

Д.А. има повреди на бутот на десната нога, А.А. е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Д.А. и А.А. поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница.

Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка, пишува Нова Македонија.

Медиумите јавуваат дека било пукало во независен кандидат за советник и во неговиот шеф на изборниот штаб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1