Најголемиот страв на посетителите на Вилис Тауер, највисокиот американски облакодер, се остварил во средата кога стаклениот проѕирен под во панорамска платформа за набљудување почнал да пука и тоа во моментот додека биле на 420 метри висина.
Застрашувачкиот инцидент предизвикал итна евакуација на луѓето кои во тој момент го разгледувале Чикаго.
Двајца браќа и нивните деца биле во лифтот.
Стаклото со дебелина од 8 сантиметри требало да издржи тежина од дури 5 тона, но од непознати причини почнало да пука во моментот додека во кабината стоеле две лица, со просечна тежина.