Пушачи, мислете му ја – за 25 години цигари нема да има!


Меѓународната група на експерти за јавно здравје оцениле дека продавањето на цигари и тутун би требало постепено да се укине до 2040 година.

Опишувајќи го светот без тутун како свет во кој го користат помалку од пет отсто возрасни луѓе, Беаглехол додал дека светот гледа неприфатливи штети кои ја прави тутунската индустрија и работи на свет кој во основа би бил лишен од продажбата на тутунските производи.Cigarete

Тутунот, според светската здравствена организација, годишно во светот убива околу шест милиони луѓе.

Покрај ракот на белите дробови кој често е смртоносен, пушењето претставува и голем фактор на ризик и на други болести. Тутунот е водечка причина на прерана смрт од хронични состојби кои можат да се спречат.

За една деценија 50 милиони луѓе умираат поради пушење и болести поврзани со пушењето на цигари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1