Канадски суд им пресуди неколку големи фирми-производители на цигари да платат 15,5 милијарди канадски (околу 12 милијарди американски) долари отштета на пушачите во провинцијата Квебек
Пресудата е во кориsт на потрошувачите кои тврдат дека никогаш не биле предупредени за здравствените ризици од пушењето, соопштува AFP.
Судијата на високиот суд Брајан Риордан наведел дека компаниите со одлуката да не ги информираат здравствените институции или директно јавноста за она што го знаеле, го ставиле профитот над здравјето на своите потрошувачи.
Тој наложил компаниите да го исплатат првиот дел од компензацијата од 800 милиони долари во рок од 60 дена, без оглед дали ќе се жалат на ваквата одлука, а подоцна ќе одлучи како ќе ги распореди средствата.
Компаниите ЈTI Macdonald, Imperial Toacco I Rothmans, Benson & Hedges најавија жалби на пресудата.